Home Актуелно Врховен денес ќе одлучува за доживотните затворски казни на обвинетите од Монструм

Врховен денес ќе одлучува за доживотните затворски казни на обвинетите од Монструм

По повеќе од пет години од масакрот кај Смилковското езеро, Врховниот суд денеска ќе одлучува по жалбата на одбраната на шестемина осудени во случајот Монструм кои добија доживотни казни затвор за петкратното убиство.

Седницата е закажана откако одбраната пред околу една година ја обжали пресудата на Кривичниот и на Апелациониот суд. Масакрот кај Смилковското езеро се случи на 12 април 2012 година кога беа убиени четирите момчиња: Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски и рибарот Борче Цветковски.

Кривичниот суд во 2014 година ги осуди шестмината обвинети на доживотни казни затвор, а двајца од осудените, кои се осудени како директни извршители на убиствата, сè уште се на Косово и не се екстрадирани во Македонија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…