Том Хенкс самокритичен: Од сите филмови што ги снимив во кариерата, само четири се прилично добри


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во едно неодамнешно интервју, славниот холивудски актер Том Хенс изјави дека во својата актерска кариера која трае повеќе од 30 години, меѓу еден куп филмови кои ги има снимено, само четири филма од неговиот актерски опус ги смета за „прилично добри“.

Добитникот на Оскар, кој глумеше во бројни блокбастери од Форест Гамп до Елвис, го најави својот претстоен роман „Создавање уште едно големо филмско ремек дело“ кој ќе биде објавен на 9 мај 2023 година. Книгата е измислен приказ на настанот на филм за суперхерои од повеќе милиони долари и стрипот што го инспирирал.

„Никој не знае како се прави филм, иако сите мислат дека знаат да прават. Снимив еден куп филмови, а четири од нив се прилично добри, барем така мислам. Сè уште сум изненаден како доаѓаат филмовите заедно. Од идејата до треперењето на сликата на екранот, целиот процес е чудо“, изјави Хенкс за People и додаде дека „снимањето филм е многу тешка работа која бара долг временски период“. Сепак, тој не сакаше да ги открие имињата на своите омилени четири фаворити од неговиот актерски опус.

„Тој период се состои од толку многу моменти на радост кои се спротивни на чувствата на омраза кон себе. Тоа е најголемата работа на светот и најзбунувачката работа што ја знам”, рекол актерот. Тој претходно изјави дека идејата за потенцијално продолжение на Форест Гамп била одложена речиси веднаш по успехот на првиот филм, кој најверојатно е на неговата листа од четири „прилично добри“ филмови.

„Ќе кажам дека се обидовме да разговараме за уште еден Форест Гамп, но разговорот траеше само 40 минути“, откри Хенкс, додавајќи дека после тој разговор не се ни обиделе повторно да ја покренат темата.

Во ерата на повеќе продолженија, рестартирања и репризи, Хенкс додаде дека нема „обврска“ да ја репризира својата позната улога на Форест по оригиналниот филм од 1994 година, за време на чија продукција дури и плаќал од џеб за одредени сцени, како на пр. легендарната трка на Форест низ Америка.