Home Вебкафе Токио воведе супербрзи подземни паркинзи за велосипеди

Токио воведе супербрзи подземни паркинзи за велосипеди

Со оглед на фактот дека 14 проценти од целокупниот сообраќај во Токио е велосипедистички, јапонската метропола воведува подземни и затворени надземни паркинзи за велосипеди.

Идејата за ваквите паркинзи за велосипеди кои ќе бидат супербрзи се базираат на идејата дека тротоарите треба да се слободни за луѓето да можат да минуваат без пречки.

Eco Cycle велосипедските паркинзи кога се гледаат однадвор делуваат како големи телефонски говорници. Дури и ако се загледате внатре ќе помислите дека вратата не води никаде.

Реалноста е дека таа врата води до местото каде што секој може да го остави својот велосипед без тој да пречи никому, а во еден ваков „трезор“ може да се остават и неколку илјади велосипеди.

Работата е завршена за само 8 секунди

Велосипедистите можат да го остават, односно да го земат својот велосипед за само 8 секунди. Толку време е потребно за велосипедот оставен на овој паркинг да се смести, односно да се пронајде од илјадниците велосипеди и да му се врати на сопственикот.

Цената на месечната паркинг услуга изнесува само 25 долари, а во Јапонија во моментов има 50 вакви паркинзи за велосипеди.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ѓаволот ја носи Прада 2: Дали мистеријата на филмот е веќе минато?

ЃАВОТ НОСИ ПРАДА 2: ДАЛИ ТАЈНАТА НА ФИЛМОТ СТАНА СОПСТВЕНОТО МИНАТО? Најавата дека се сним…