Тој си сака млади, таа има фетиш кон многу постари: Дали 81-годишниот Пачино е во врска со 28-годишната Нур?

81-годишниот холивудски актер и оскаровец Ал Пачино беше фотографиран во друштво на 28-годишната телевизиска продуцентка Нур Алфалах како излегуваат од ресторан во Венис Бич.

Американските медиуми јавуваат дека актерот и продуцентката биле на љубовна средба.

Холивудската легенда се појави во поопуштено црно издание и патики, додека Нур го привлече вниманието во хеланки и кожна јакна и чизми до глужд. Тие ги игнорирале фотографите, а на излегување се простиле од познаник кој случајно се нашол пред ресторанот.

На излегување ги пречекал црн автомобил во кој заедно се упатиле во непознат правец.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Noor (@nooralfallah)

Младата бринета претходно беше поврзувана со Клинт Иствуд и Мик Џегер. “Срцето не прашува за годините, срцето само знае какво е чувството. Тоа беше мојата прва сериозна врска и бев многу среќна”, рекла таа еднаш за врската со Џегер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Noor (@nooralfallah)