Home Шоубизнис „Тој победува“: Дали наводната љубовница од Путин на гласање го покажа вереничкиот прстен?

„Тој победува“: Дали наводната љубовница од Путин на гласање го покажа вереничкиот прстен?

Наводната љубовница, а според некои медиумски извори и можна нова сопруга на повторно избраниот претседател на Русија, Владимир Путин, убавата бивша гимнастичарка Алина Кабаева, беше фотографирана и снимена како го остварува своето гласачко право на претседателските избори во Русија.

Убавата и шармантна Русинка се појави во елегантно издание со прстен на раката кој ги запали социјалните мрежи, каде армија од коментатори нагаѓаат дека е венчалниот прстен од Путин, и не ја симнуваше насмевката од лицето. 34-годишната Кабаева седна спроти една од припадничките на изборната комисија и ја даде својата идентификација, на што доби коментар: „Ве чекавме, но вие никако да дојдете“, алудирајќи на тоа дека Алина не се појави на изборите претходните години.

Кабаева потоа ја замоли жената да ја потсети како да го оствари своето избирачко право и да го вметне гласачкото ливче, па со насмевка го напушти избирачкото место. Нормално, не сакаше да открие за кого гласала, но дозволи да се насети тоа според коментарот кој го даде: „Тој сигурно ќе победи“.

Веќе десет години се активни гласините дека Алина и Владимир се во љубовна врска, а таа од 2008 година воопшто не се појавува во јавност со некој друг маж. Во неколку наврати беше видена со прстен на раката, но никогаш официјално не беше потврдено досега дека таа е новата прва руска дама.

Минатата година се јавија гласини дека Путин и Кабаева се венчале, а има и трачеви дека имаат и заеднички деца.

Путин во 2014 година се разведе од сопругата Људмила.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …