Тој е првиот во историјата кој доживеал загуба од 200 милијарди долари


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


На почетокот на јануари 2021 година, технолошкиот иноватор и милијардер Илон Маск стана вториот човек (после Џеф Безос од Амазон) чие лично богатство беше проценето над 200 милијарди. Две години подоцна се враќа со уште еден рекорд, ама не така убав и позитивен како овој претходно споменатиот.

Огромен дел од изгубените милијарди на Маск беа проголтани од падот на вредноста на акциите на Тесла, кои во 2022 година изгубија 65% од вредноста, а само за еден ден кон крајот на декември паднаа за 11%.

Маск имаше најголемо богатство во ноември 2021 година -340 милијарди долари- за моментално да вреди – ок, не е за жалење – 137 милијарди. До почетокот на декември беше најбогатиот човек на светот кога беше претекнат од францускиот магнат Бернар Арно, ЦЕО на LVMH Moët Hennessy – Louis Vuitton.

Најголем баласт во новачникот на Маск е Твитер за кој не само што плати 44 милијарди долари туку начека финансиска ситуација која ја опиша како „авион кој со огромна брзина се приближува кон земјата додека моторите му се запалени а контролите не функционираат.“ (види и: Во Твитер сега сами си носат тоалетна на работа).