Двојно или тројно повеќе луѓе од дозволената бројка – една од причините поради кои потона сплавот „Фристајлер“ во Белград


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Сплавот „Фристајлер“ потонал затоа што на него во моментот на случувањето на несреќата имало два до три пати повеќе луѓе од дозволеното и дека понтоните што биле додадени на сплавот не биле со иста издржливост како претходните – изјави градоначалникот на Белград Александар Шапиќ откако на новогодишната ноќ потона еден од најпознатите сплавови во градот.

Шапиќ вели дека ќе има контроли и драконски казни, но и кривична одговорност. Тој додаде дека му било кажано дека во инцидентот на сплавот „Фристајлер“ само две девојчиња биле полесно повредени и дека нема настрадани.

– Треба да се види квалитетот на тие понтони и јасно да се дефинира колку луѓе можат да влезат кога е со полн капацитет и дека, без разлика дали некој ќе биде повреден или не, одговорноста треба да биде на оние што го прекршуваат тој тип на одлука, пред се кривична одговорност – рече Шапиќ.

Белградскиот сплав „Фристајлер“ до половина потона синоќа за време на новогодишната ноќ. Очевидци на драмата што се случила во популарниот клуб велат дека водата почнала да надоаѓа десет минути по полноќ, но дека на почетокот не разбрале што се случува. Кога сплавот се навалил, почнала паниката и стампедото кон излезот.