Лула положи заклетва како нов претседател, Болсонаро избега од Бразил


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Лидерот на левицата Луис Инасио Лула да Силва вчера положи заклетва како нов претседател на Бразил во услови на засилени безбедносни мерки по заканите за насилство од приврзаниците на неговиот десничарски претходник Жаир Болсонаро.

Церемонијата на полагање заклетва во Конгресот се одржа во 19 часот, по што Лула ќе ја облече претседателската лента во палатата Планалто пред 30 000 поддржувачи, пренесува 360 степени.

Лула (77) тесно го победи Болсонаро на изборите во октомври за да го добие својот трет претседателски мандат, по пауза во која тој дури и заврши во затвор по пресудата за корупција, но сите обвиненија беа отфрлени. Во претходните години, како претседател на Работничката партија од 2003 до 2010 година, синдикалниот лидер извлече милиони Бразилци од сиромаштија за време на бумот на пазарот на стоки што ја поттикна економијата.

Сега тој е соочен со тежок предизвик да ја закрепне стагнантната економија и во исто време да ја обедини поделената земја, наследството на неговиот претходник Болсонаро. Од Лула се очекува многу.

Болсонаро го напушти Бразил во петокот и избегна да му ја предаде власта на својот ривал, чија победа допрва треба да биде признаена. Неговите поддржувачи протестираат веќе два месеци и тврдат дека изборите се украдени и бараат воен удар за да се спречи враќањето на Лула на чело на државата.

Во атмосфера на вандализам и насилство, приврзаник на Болсонаро беше уапсен бидејќи постави бомба во камион со керозин на влезот на аеродромот во Бразилија. Пред да замине за Флорида во петокот, Болсонаро го осуди бомбашкиот напад како „терористички чин“, но ги пофали демонстрантите собрани пред воените бази низ целата земја.