Тоа е Канте: Ја прифати понудата и појде на гости кај фановите! (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Играчот на Челзи и француската репрезентација, Нголо Канте уште еднаш покажа дека не е типична фудбалска ѕвезда и дека се однесува како „обичен“ човек.

Канте е еден од најдобрите играчи за врска на светот и неодамна стана светски шампион со Франција, но славате не му удри во глава и тој остана скромно момче.

Вчера додека беше во една џамија во Лондон се сретна со фанови на Челзи кои го поканија на гости во нивниот дом.

На големо изненадување Канте ја прифати понуда и се согласи да дојде на гости кај фановите, со што уште еднаш ја покажа својата скромност и приземност.

Секоја чест!