Home Актуелно Тинејџерка прегазена во скопска Автокоманда

Тинејџерка прегазена во скопска Автокоманда

16-годишна девојка вчера била прегазена од автомобил и тешко ја повредена во скопската населба Автокоманда.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила вчера во 12 часот, на булеварот Александар Македонски.

Автомобил „фиат браво“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од 62-годишниот И.К. од Прилеп, удрил во 16-годишното девојче од гевгелиското село Миравци.

По сообраќајката тешкоповреденото девојче со возило на Итна медицинска помош било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“, а лекарите констатирале тешки повреди.

Полицијата изврши увид и ги утврдува причините за сообраќајката.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…