Тие две се на врвот од листата со најплатени ТВ актерки според Forbes


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Американското престижно бизнис списание Forbes ја објави најновата листа со најплатени ТВ актерки за 2017 година, а на тронот и понатаму се сексапилната Колумбијка и симпатичната Американка.

Софија Вергара, која одамна владее со врвот на оваа листа, во текот на 2017 година, досега, има заработено 41,5 милиони долари, а повеќето од парите ги заработи благодарение на ангажманот во популарната серија Modern Family. Исто така, Вергара оствари голема заработка и од соработката со брендовите Head & Shoulders, Pepsi, Avon и CoverGirl.

Веднаш после жешката Колумбијка, на второ место е Кајли Куко, ѕвездата од серијата The Big Bang Theory. Таа во 2017 година заработи 26 милиони долари, а наводно за една епизода од хумористичната серија заработи милион долари.

На трето место од оваа листа која ја скрои Forbes се наоѓаат Елен Помпео и Минди Калинг, кои заработија по 13 милиони долари. Помпео е позната по улогата на докторката Мередит Греј во серијата Grey’s Anatomy, а Калинг по улогата на Минди Лахири во серијата The Mindy Project.

Останати добро платени актерки кои се најдоа на престижната листа од Forbes се Мариска Харгитеј со годишна заработка од 12,5 милиони долари, Џули Боен со 12 милиони долари, Кери Вашингтон со 11 милиони долари, Пријанка Чопра со 10 милиони, Робин Рајт со девет милиони долари и Поли Перете со 8,5 милиони долари.