Home Актуелно The Guardian: Хрватските полицајци брутално ги претепуваат мигрантите (видео)

The Guardian: Хрватските полицајци брутално ги претепуваат мигрантите (видео)

Со тврдење дека баратели на азил кои се обиделе да ја преминат босанско-хрватската граница биле претепани од хрватската полиција, британски The Guardian објави вознемирувачко видео со крвави сцени.

Британскиот медиум тврди дека мигранти од Алжир, Пакистан и Сирија, кои барале азил, биле задржани од хрватската полиција, а дел од нив сведочат дека биле брутално претепани и вратени назад. Освен Guardian, и други медиуми пренесуваат за бруталниот третман кој го имаат мигрантите од страна на хрватските полицајци.

На видеото прво се слуша гласот на еден од мигрантите кој вели дека хрватските полицајци ги тепале, а потоа се прикажува човек чие лице е прекриено со крв.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…