Home Актуелно Тетовски лекар од Брза помош нападнат од 21-годишно момче

Тетовски лекар од Брза помош нападнат од 21-годишно момче

Триесет и седум годишен лекар во тетовската Брза помош пријавил дека синоќа бил нападнат од 21 годишпен жител на Тетово.

Од СВР Тетово велат дека напаѓачот го донел својот татко во болница за да му се укаже прва помош. Откако лекарот ги препратил на Интерното одделение, напаѓачот почнал да го навредува докторот и го удрил во десното рамо.

Дваесет и едногодишниот жител на Тетово бил повикан во полициската станица Тетово за целосно расчистување на случајот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…