Home Актуелно Тетовски дерматолог претепан од пациент

Тетовски дерматолог претепан од пациент

На Кожното одделение во клиничката болница во Тетово утринава околу 9 часот Пациент од Голема Речица крвнички претепал кожен лекар. Случајот е пријавен во тетовската полиција.

ОД СВР Тетово информираат дека напаѓачот подоцна е приведен.

-Пријавено е дека на Кожното одделение во тетовската клиничка болница физички бил нападнат лекарот А.Е.(45) од Тетово. Тој бил нападнал од пациентот А.Б.( 43 ) од Голема Речица, кој набрзо е приведен и задржан во полициската станица Тетово за целосно расчистување на случајот, соопшти полицијата.

За настанот информираат и од Здружението на лекари Албанци во Северна Македонија каде членувал и нападнатиот лекар.

-Пациентот од нападнатиот лекар барал да добие изјава со потпис дека другиот лекарот не бил на работа каде што требало да биде примен на термин. Другиот лекар бил на состанок кај директорот. Пациентот револтиран што бил одбиен, го удрил и заминал. Во меѓувреме дошла полиција и за 15 минути, пациентот, пак, се вратил и во присуство на полицајци го дотепал докторот кој добил сериозни повреди. Значи, ни виновен ни должен бил нападнат, изјави Невзат Елези, претседател на здружението.

По вториот напад докторот паднал во бессознание. Веднаш бил префрлен во клиничкиот центар во Скопје, каде по укажаната лекарска помош се освестил. Првично се работи за повреди во главата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…