Тест за хетеросексуални мажи: Дали сте 100% сигурни дека не сте „геј“?

Психологот Рич Сејвин-Вилијамс тврди дека целосно хетеросексуални мажи не постојат, објаснувајќи дека мажите кои се „стрејт“, во суштина, треба да се декларираат како „претежно хетеросексуалци“.

И додека повеќето општества и култури ја промовираат хетеросексуалноста како норма, водечкиот истражувач од Униеврзитетот Корнел открива дека, помалку или повеќе, сите луѓе сексуално се возбудуваат и на претставници од истиот пол.

Ова сознание ги доведува во прашање строгите дефиниции за сексуалноста, која би требало да почне да се перципира како спектар, а не категориски. Авторот на студијата Рич Сејвин-Вилијамс, психолог специјализиран за проучување на родовите, предупредува дека сите ние уште се бориме со концептот за бисексуалност, а тоа посебно се однесува на мажите.

Испитаници гледаа порно филмови

Во својата книга „Mostly Straight: Sexual Fluidity Among Men“ („Претежно хетеро: Сексуалната флуидност меѓу мажите“), психологот опишува дека младите генерации се поотврени кон олабавување на границите меѓу родовите.

 

На волонтери кои беа испитаници во истражувањето поврзано со оваа проблематика, им беа пуштани порнографски содржини со и на мажи и на жени, а после секој вид на порнографија им беше мерена раширеноста на зениците која е показател за сексуална возбуда. Зениците кај жените беа проширени и кога гледаат хетеро, и кога гледаа лезбијски порничи.

Виновна е културата

Мажите се взбудуваа при гледање на жени како мастурбираат, но истиот ефект кај нив го предизвикаа и сцените со мажи кои се самозадоволуваат, независно од сексуалната ориентација на испитаниците.

„Мислевме дека бисексуалноста е исклучиво женски феномен, но ова дефинитивно отвора нови видици и значи дека флуидноста во сексуалната возбуда кај луѓето е далеку потценета“, изјави Рич.

Тој предупредува дека најголем виновник за тоа е културата, која наметнува став дека жените можат да бидат сексуално флуидни, но не и мажите, поради што мажите генерално стравуваат да ги изразат своите лични чувства за тоа.