Тешка кражба во Прилеп – од куќа украдени вкупно 28.500 евра


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вчера во Прилеп на ул.„Антон Панов“ во куќа сопственост на Б.М. (41), непознат сторител со насилно влегување преку прозорецот од дневната соба на приземјето, извршил пребарување од каде во една од собите пронашол и одзел околу 800.000 денари, 13.000 евра и 3.000 швајцарски франци, по што го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 1.770.000 денари, пренесува 10без10.

Увид извршила увидна екипа од ПС Прилеп. Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.