Терористот од Берлин снимен на безбедносна камера неколку часа по нападот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


CCTV камери го снимиле Тунижанец Анис Амри, кој е осомничен за нападот со камион на божиќниот пазар во Берлин, неколку часови по трагедијата, соопштува радио RBB. Тој бил пресретнат од камера во берлинскиот регион Моабит веднаш малку по крвавиот инцидент.

Тоа се случило во текот на ноќта во вторникот. Покрај тоа, според информациите, на камерата е снимен Амри на истото место во текот на ноќта на 14 и 15 декември.

23-12-terorist-berlin1

Властите во Германија од завчера трагаат 24годишниот Тунижанец Амри под сомнение дека е сторител на нападот со камион кој  удри во граѓаните на божиќен базар во Берлин. При нападот беа убиени 12 лица, 48 беа повредени.

За информации, која доведе до апсењето на младиот човек, обвинителството објави награда од 100 000 евра. Во соопштението се наведува дека Најбараниот е многу опасен.

Во меѓувреме роднини на Анис Амри го повикаа да се предаде на властите во Германија, информира АП. За германскиот Билд, Валид Амри, поголем брат на бегалецот, вели дека семејството ќе се откаже од него, ако неговата вина за атентатот биде докажана.