Го најдов Камелот: Професор во пензија убеден во своето откритие


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Камелот е легендарна тема на многу книги и филмови, а пронаоѓањето на точната локација на фамозниот замок на кралот Артур го привлекува вниманието на научниците, истражувачите и авантуристите повеќе од 1.000 години. Сепак, оваа загатка можеби конечно доби разрешница.

Пензионираниот професор Питер Филд, од универзитетот Бангор во Велика Британија смета дека познатото место каде кралот Артур го планирал нападот на Саксонците било Јоркшир.

Питер Филд наведува дека за време на предавањето за римската окупација на Британците ги набљудувал мапите, кога го забележал името „Камулодунум“ кој значи „Тврдината на Богот Камул“. Голема е веројатноста зборот Камелот да значи кратенка од името.

23-12-camelot1

„Сите коцки се поклопија. Верувам дека ја решив загатката стара 1.400 години. Ја погледнав локацијата на останатите места и сфатив дека Камулодунум се наоѓа на патот кон Јорк, местото каде Британците планирани да ја спречат англосаксонската инвазија во случај да дојде до неа“, изјави Филд.

Постоечките урнатини од римската тврдина Аутлејна, што се наоѓа на патот помеѓу Честер и Јорк, се на локација која совршено би му одговарала на кралот Артур и неговата тркалезна маса.

Професорот заклучува дека војската на Артур имала состанок во Честер и уште некој град на стратешко добра позиција за одбрана на Јорк, а основањето на тврдината во близина на Аутлејна совршено би се совпаѓало со плановите на Артур.