Тен Хаг сака да воведе „Кристиано Роналдо“ правило во Манчестер Јунајтед – еве што значи тоа


Спасе Манев (Патувања низ Македонија): Ги откриваме скриените убавини на Македонија ↓↓↓


Тренерот Ерик Тен Хаг сака да создаде стабилна екипа која ќе може да се бори за титулата во иднина во Премиерлигата, па веќе почна да се ослободува од непотребните фудбалери.

Клубот го избрка Кристиано Роналдо пред еден месец, а сега тренерот сака да се ограничат платите, односно никој да не добива над 200.000 фунти неделно за да се избегнат проблеми во соблекувалната.

Британските медиуми го нарекоа ова правило „Кристијано Роналдо“ за да не се повтори ситуацијата кога тој земаше 500.000 фунти неделно.

„Целта е да се создаде силна соблекувална, да нема љубомора меѓу фудбалерите и тоа може да се постигне со израмнување на платите.