Home Актуелно Татко ја киднапирал сопствената ќерка во гостиварско

Татко ја киднапирал сопствената ќерка во гостиварско

Гостиварската полиција поднесе кривична пријава против Д.П. (44) кој е осомничен за кривично дело одземање на малолетник.

Во полициската пријава пишува дека на 21.11.2016 година околу 11 и 30 часот во училиштето во село Долна Бањица, без дозвола на мајката со која се разведени, а која имала решение за старателство врз нивната седумгодишна ќерка, насилно го извадил девојчето од училницата и заминале во непознат правец, а подоцна одбивал детето да биде вратено кај мајка.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…