Home Вебкафе Татко и син сами си направија Lamborghini со помош на 3D печатач

Татко и син сами си направија Lamborghini со помош на 3D печатач

Иноваторски тандем татко и син изработија модел на луксузниот спортски автомобилски бренд Lamborghini со помош на 3D печатач. На овој проект досега потрошиле околу 20 000 долари.

Lamborghini Aventador сигурно е еден од најдобрите супер-спортски автомобили кој плени со својот изглед веќе 8 години, односно од премиерата во 2011 година.

Тој е омилен автомобил на физичарот Стерлинг Бакус која одлучил заедно со синот да направат сопствен Авентадор, односно модел сличен на вистинскиот. На оваа идеја дошле додека ја играле играта „Forza Horizon 3.

Се освен каросеријата, моторот и уште некои структурни елементи е направено на 3D печатач и 220 нанотај термопластика, вклучувајќи ги и светлата и внатрешните делови.

Моторот во овој автомобил нема да биде оној скапиот на Lamborghini, туку 5,7 литарски V8 LS1 кој се вградува во Chevrolet Corvette од почетокот на векот. Станува збор за агрегат кој развива 350 коњски сили.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…