Home Актуелно Таравари тврди: Лекарите ги губиме поради целосно партизирано здравство

Таравари тврди: Лекарите ги губиме поради целосно партизирано здравство

Цело здравство е партизирано, секоја болница, на секое ќоше, тврди во интервју за Фокус, министерот за здравство Арбен Таравари, тврдејќи дека лекарите на тој начин не можејќи да трпат неправди, се демотивираат и носат одлуки да заминат во странство.

Лекарите не можат да гледаат како се вработуваат партиски војници и да трпат неправди. Почнувајќи од чистачите, медицинските сестри, болничарите, лекарите, односно се што се примаше во последните седум години беше по партиски клуч, со чест на исклучоци. Факт е дека се е партизирано, не се избира стручњак што си ја знае работата, туку партиски војник. Не сакам да генерализирам и да тврдам дека во една партија има само лоши лекари. Има и добри и лоши. Мислам дека лекарите, наставниците и судиите мора да бидат најмалку политизирани, односно да ги избереме најдобрите. Јас не викам дека јас ќе успеам се да департизирам, но ќе дадам максимум од себе, лекарите што ќе почнат со работа да бидат експерти во својата област, истакна Таравари.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…