Home Актуелно Таравари потврди: Ќе се кандидирам за градоначалник на Гостивар

Таравари потврди: Ќе се кандидирам за градоначалник на Гостивар

Министерот за здравство Арбен Таравари ќе биде кандидат за градоначалник на Алијансата на Албанците за Гостивар.

Според извори од партијата на Зијадин Села, по неуспешните преговори со БЕСА за заеднички да настапат на престојните локални избори, тие одлучиле во Гостивар да настапат самостојно, а нивен кандидат да биде Таравари.

„Најверојатно да, ќе се кандидирам за градоначалник на Гостивар, како кандидат на Алијансата. До почнување на предизборната кампања останувам во Министерството за здравство. За време на кампањата ќе земам две недели одмор, меѓутоа ќе одам во Министерството за да завршам неопходни работи“, изјави Таравари за порталот „СакамДаКажам“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…