Home Шоубизнис Тарантино влегува во писателските води

Тарантино влегува во писателските води

Откако култниот современ режисер Квентин Тарантино во април оваа година најави дека ќе се посвети на пишување книги, сега оваа информација и официјално е потврдена.

Порталот „Deadline“ објави дека Тарантино потпишал договор со издавачката куќа „HarperCollins“ која ќе објави две негови книги. Правата ќе биде насловена „Once Upon a Time in Hollywood“ а втората „Cinema Speculation“.

„Once Upon a Time in Hollywood“ ќе биде објавена во летото 2021 година, прво со мек повез и дигитална верзија додека на есен ќе се појави верзија со тврд повез.

„Со гордост ја објавувам Once Upon a Time in Hollywood, мој допринос за овој често маргинализиран но сакан книжевен поджанр“, рекол Тарантино кој додал дека на тој начин ќе ги истражи ликовите кои ги создал во филмот.

Што се однесува до книгата „Cinema Speculation“, порталот „Deadline“ ја опишува како книга која длабоко ќе влезе во филмовите од седумдесетите години и која ќе се состои од есеи, рецензии и „што ако“ текстови. При тоа се споменува дека славната филмска критичарка Полин Каел влијаена за оваа книга на Тарантино.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Ника Тошиќ разочарана од оние што најмногу ги сакаше: Мислевте дека не знам што зборувате зад мојот грб

Ника Тошиќ разочарана Ника Тошиќ се разочарала во оние на кои им верувала и со кои била бл…