Танцувањето со Путин испадна исплатливо за неа


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во времето кога беше австриска министерка за надворешни работи, во 2018 година, Карин Кнајсл на својата свадба го покани рускиот претседател Владимир Путин, а на свадбената прослава и танцуваше со него. Испадна дека тоа беше исплатлив потег на Кнајсл, која сега е номинирана за нов член на бордот на директори рускиот нафтен гигант Роснефт.

Кнајсл е номинирана од руската влада како независен директор, а ако номинацијата биде одобрена од акционерите таа ќе стане колешка со поранешниот германски канцелар Герхард Шредер, кој од 2017 е претседател на бордот.

Таа ја напушта австриската влада во 2019, и од тогаш, меѓу другото, во повеќе наврати коментира теми на руската РТ.

Иако руската држава го намали својот удел во Роснефт на нешто над 40%, таа останува најголемиот акционер, заради што претпоставката е дека номинацијата најверојатно ќе биде прифатена.

Инаку Роснефт најголемиот руски производител на нафта е раководен од Игор Сечин, еден од најлојалните сојузници на Путин.