Home Шоубизнис Тамара во Тел Авив ќе ја снима официјалната евровизиска разгледница

Тамара во Тел Авив ќе ја снима официјалната евровизиска разгледница

Македонската претставничка на овогодинешното издание на Евросонг, Тамара Тодевска, замина за Израел, каде во Тел Авив ќе ја снима официјалната видеоразгледница во рамки на нејзиното комплетно претставување на овој настан.

„Не сум утрински човек, но навистина му се радувам на своето прво патување во Израел, за да ја снимам мојата евровизиска разгледница. Ве сакам сите“, напиша Тодевска на својот профил на социјалната мрежа до својата фотографија од аеродромот.

На овој фестивал Тамара ќе настапи со песната „Proud“, песна што веќе доби голем број позитивни реакции. Таа ќе настапи на 16 мај, во втората полуфинална вечер.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …