Талибанците организирано „ловат луѓе“ низ Авганистан


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Талибанците прават организиран лов на луѓе од нивната листа на цели и при тоа се одлично организирани, тврди за Би-би-си Кристијан Нелеман, шеф на норвешкиот Центар за глобални анализи.

Норвешкиот центар за глобални анализи обезбедува разузнавачки информации за Обединетите нации.

„Она што го видовме е дека талибанците имаат прилично напреден разузнавачки систем. Имаат список со имиња на лица и во првите часови од влегувањето во поголемите градови, вклучително и Кабул, тргаат во лов од врата до врата на поранешни владинини вработени, пред се оние во разузнавачките служби и специјалните единици на војската“, рече Нелеман.

Тој додаде дека тоа може да доведе до масовни егзекуции.

„И не само до тоа, туку и до масовно разоткривање на методите и разузнавачките мрежи што Западот ги воспостави во Авганистан. Ова во голема мера може да ја поткопа работата на цела низа разузнавачки служби на западните земји“, додаде тој.

Во извештајот на норвешкиот Центар до ОН, се наведува дека талибанците создаваат нова мрежа на доушници кои се подготвени да соработуваат со новиот режим.

Американскиот Стејт департмент издаде ново предупредување до американските граѓани во Кабул, повикувајќи ги да дојдат на аеродромот во Кабул „што е можно поскоро“.

„Владата на САД не може да обезбеди безбеден превоз до аеродромот“, се вели во предупредувањето цитирано од Си-би-ес њуз.