Петочна и викенд временска прогноза


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Денеска, петок, 20. август, времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер.

Попладне и во вечерните часови претежно во јужните делови ќе има пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, со пообилен пороен дожд за кратко време, силни електрични празнења, ветер (над 60 км/час) и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната од 25 до 34 Целзиусови степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Во вечерните часови во делови од Скопската котлина ќе има краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 Целзиусови степени. Маврово 25, Охрид 29, Битола 32, Крива Паланка 30, Берово 28, Кавадарци 33, Дојран 34.

Утре ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер и појава на град. Потоа следува период на стабилно и потопло време.