Вебкафе

Тајван е првата азиска земја која ги легализираше истополовите бракови

Тајван стана првата азиска земја која издаде наредба до нејзиниот парламент да го легализира истополовиот брак во рок од најмногу две години.

Највисокиот суд во земјата пресуди дека членот 972 од Граѓанскиот законик, каде се вели дека бракот е заедница меѓу маж и жена, е неуставен.

Парламентот ќе биде приморан да направи измени на законите или да донесе нови за да ја формализира одлуката во корист на брачната еднаквост.

Уставниот суд на Тајван во Тајпеј одлучи дека ако не се направат потребните законски измени во рок од две години за да се овозможи брачна еднаквост, толкувањето на сегашниот закон ќе ги вклучува и истополовите двојки.

ЛГБТ активистите во моментот одржуваат славенички митинг во близина на законодавниот дом. Еве го моментот кога им беше соопштена веста.

Advertisements
To Top