Home Вебкафе Тајно ја сними чудната слугинка – го фатија моментот кога „ѓаволот е влезен во неа“

Тајно ја сними чудната слугинка – го фатија моментот кога „ѓаволот е влезен во неа“

Како што пренесува британски Mirror, Нурул Бејкер во својот дом во Сингапур, на безбедносна камера, ја сними својата слугинка која се однесувала бизарно, како да е опседната од духови.

Тој тврди дека во неговата семејна куќа се случуваат паранормални ситуации.

„Ја видов мојата слугинка облечена во бел фустан, како шета низ куќа, со пуштени коси и сведната глава. Покажуваше со прстот на некого во собата, а собата беше празна“, раскажува овој човек.

На снимката може да се види дека таа во еден момент гледа во камерата со очите целосно извртени и со изгубен поглед.

„Мојата слугинка полуде и беше опседната од духови кога излезе од бањата после туширањето. Сета среќа што мојата сопруга и децата не беа дома“, напиша несреќниот човек на интернет.

Снимката набрзо стана вирален хит и иако многумина се преплашија кога го погледнаа видеото, некои сметаат дека слугинката сето тоа го одглумила за да може полесно да престане да работи како слугинка кај овој човек. Еве го и видеото подолу, проценете сами.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Марго Роби во фустан во стил на долна облека и балетанки „Мери Џејн“ ги освои улиците на Париз

Марго Роби одлично знае како дури и обичната прошетка по улиците на Париз да ја претвори в…