Вебкафе

Тајни писма откриваат што правеле спасувачите со мртвите тела од Титаник

Тајни телеграми, кои биле криени повеќе од еден век, го видоа светлото на денот и јавноста и открија што се случувало со телата од луѓето кои загинаа во една од најголемите поморски трагедии на сите времиња – потонувањето на Титаник.

Оние кои пишувале, биле убедени дека тие писма никогаш нема да бидат прикажани пред јавноста, а во нив се открива дека капетанот на спасувачкиот брод сакал од морето да извлече што е можно повеќе тела од загинатите патници, без оглед на тоа во која класа патувале. Меѓутоа, кога било воочено дека бродот Мекеј-Бенет е премал за 334-те пронајдени тела, капетанот донел поинаква одлука. На крајот од бродот биле исфрлени повеќе од 100 тела кои никогаш веќе не биле пронајдени.

Од бродот биле исфрлани тела од патниците од третата класа, за да се направи место за патниците од прва и втора класа, кои според мислењето на екипажот, имаат повеќе права на достоинствен погреб“, пишува Elite Daily.

Вкупно биле пронајдени и извлечени 334 тела, од кои 116 потоа биле фрлени во водите на Атлантикот. Меѓу нив биле и телата на екипажот од Титаник. Телеграмите кои ја откриваат позадината од пронаоѓањето на телата ги објави историчарот Чарлс Хас од Њу Џерси, кој со години проучувал што се случило со Титаник во неговите последни часови.

„Оваа колекција од телеграми детално открива колку бил комплициран процесот на спасување откако потонал бродот. Јасно покажува под колкав стрес биле сите кои биле вклучени во спасувањето. Кога биле пратени овие телеграми, мислам дека идејата била оти ќе останат тајни“, вели Чарс за MailOnline.

Телеграмите ги испратил капетанот Фредери Ларндер од бродот Мекеј-Бенет, од компанијата White Star Line, која управувала со Титаник. Од телеграмите е јасно дека ситуацијата била подеднакво тешка и за двете страни.

Во првата испратена телеграма пишувало: „Апсолутно мора да ги доведете сите тела кои се извлечени на спасувачкиот брод“.

Потоа од Мекеј-Бенет било одговорено: „Детално ги попишавме сите пари и вредни предмети најдени кај телата. Зарем не би било подобро сите тела да се погребаат на море, освен ако не постои посебна желба кај нивните семејства да ги задржеме?“

После третото допишување бил постигнат договор  да се исфрлат телата од патниците од третата класа, за оние од побогатите патници да им бидат вратени на нивните семејства. Писмата ги задржал бивш работник во Cunard Line, компанија која во 1934 година се споила со White Star Line, а потоа ги предал на Хас.

Advertisements
To Top