Home Спорт „Тајм“: Нејмар меѓу 100-те највлијателни луѓе во светот!

„Тајм“: Нејмар меѓу 100-те највлијателни луѓе во светот!

Угледниот американски неделник „Тајм“, објави листа на 100 највлијателни луѓе во светот во 2017 година меѓу кои има шест спортисти, а едниствен фудбалер е напаѓачот на Барселона, Нејмар.

Мало изненадување преставува што на оваа листа ги нема Лео Меси и Кристиано Роналдо, а во коментарот за Нејмар стои дека тој „ од година во година расте како личност и како фудбалер“ и дека е на добар пат да стане најдобар во светот.

„Тајм“, највлијателните луѓе ги подели во пет категории: пионери, уметници, лидери, титани и икони. Нејмар е сместен во последната група.

Покрај Бразилецот на листата има уште пет личности од светот на спортот: Конор Мекгрегор, ММА борец, човек кој ја надмина популарноста на својот спорт, тој се најде во категоријата пионери, кошаркарот Леброн Џејмс е во категоријата титани, исто како и суперстарот на НФЛ лигата, Том Брејд, петкратен шампион во американскиот фудбал.

Колин Коперник е поранешн играч на амриканскиот фудбал, член на Сан Франциско, тој како и Нејмар е во категоријата икони. Минатата година тој протестираше со игнорирање на американската химна, поради односот на државата кон луѓето кои кои не и припаѓаат на белата раса.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Глеб Савченко ја обвинува поранешната сопруга дека ќерката, 15, ја терала да зема апчиња за слабеење

Танчерот од "Dancing With the Stars", Глеб Савченко, изразува загриженост за благосостојба…