Таа е новата Мис на светот за 2016


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


19-годишната Стефани дел Вале, овогодишна Мис Порто Рико, победи на изборот за убавина „Мис на светот 2016“, што се одржа синоќа во Оксон Хил, близу Вашингтон.

19-12-miss-world

Црнокосата студентка ја доби круната од Шпанката Миреа Лалагуна, која победи на минатогодишниот избор во Кина.

Чест и голема одговорност е да бидам претставничка на Карибите, изјави убавицата.

Вале говори три јазика – шпански, англиски и француски. Нејзиниот животен сон е да работи во забавната индустрија.

19-12-miss-world2

За прва придружничка беше прогласена Јарица Рамирез од Доминиканската Република, а трета беше „Мис Индонезија“ – Наташа Мануела.

Во најтесниот круг од пет девојки, односно во финалето влегоа и претставничките на Кенија и Филипините.