СЗО тврди: Европа влегува во долг мирен период од пандемијата на коронавирусот


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Директорот на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге, тврди дека континентот наскоро би можел да влезе во долг мирен период од пандемијата со коронавирусот, пренесува ББЦ.

Ханс Клуге ги наведе високите стапки на вакцинација, крајот на зимата и помалку тешката природа на омикронот како причина за оптимизам. Обраќајќи им се на новинарите, тој рече: „Овој период на поголема заштита треба да се гледа како „прекин на огнот“ што може да ни донесе траен мир“.

Најавата доаѓа откако голем број европски земји ги укинаа сите епидемиолошки мерки.

Претходно оваа недела, данска стана првата земја во Европската унија која ги укина сите мерки, вклучително и носењето маски.