Home Актуелно СЗО: Не очекуваме мајмунските сипаници да прераснат во пандемија

СЗО: Не очекуваме мајмунските сипаници да прераснат во пандемија

Главниот експерт на Светската здравствена организација (СЗО) за мајмунски сипаници, Розамунда Луис, денеска изјави дека не очекува над 300 случаи на таа болест, кои се пријавени до денеска, да се претворат во нова пандемија.

Најмногу oд случаите се пријавени во Европа, а не во Централна и Западна Африка, каде што вирусот е ендемичен. Засега нема потврдени смртни случаи.

Сепак, таа призна дека има многу непознато во врска со оваа заразна болест вклучувајќи го и прашањето како точно се шири болеста и дали прекинот на масовната имунизација против мали сипаници пред неколку децении може да го забрза процесот на пренесување.

Од СЗО истакнуваат дека мајмунските сипаници во моментот претставуваат умерен ризик за јавното здравје на глобално ниво.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…