Светско првенство 2022 – втор ден: Англија со 6 гола го прегази Иран, Холандија се измачи со Сенегал, реми меѓу САД и Велс


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Репрезентацијата на Англија ја оправда фаворитската улога против Иран и славеше победа од 6:2 во нивниот прв натпревар во Катар.

Се мачеа Англичаните првиот половина час да го најдат патот до мрежата на голот на Иран, а потоа се одеше полесно. Натпреварот го отвори Џуд Белингам кој со овој гол стана вториот најдобар стрелец на Мундијалите за Англија, пред него е само Мајкл Овен.

Осум минути подоцна мрежата на Иран повторно се тресеше, а погоди Букајо Сака. Стрелинг во финишот од првиот дел е погрижи за водство на Англичаните на полувреме од 3:0. После 15 минут игра во второто олполувреме Сака го постигна својот втор го за веќе 4:0.

Тареми три минути по голот на Сака го постигна почесниот гол за Иранците. До крајот на средбата Рашфорд и Грилиш се погрижија за високи 6:1. Иранците вториот гол го постигнаа во последните секунди, а повоторно стрелец беше Тареми.

Треба да се спомене и дека овој натпревар започна со протести на иранските навивачи кои испраќаа свирежи додека се интонираше нивната химна, фудбалерите од друга страна одбиваа да ја пеат. Причината е насилството во нивната земја и полициската 6руталност во последниот период.

Холандската репрезентација дури во финишот го скрши отпорот на Сенегал и запиша важна победа од 2:0.

Херој за „лалињата“ беше Коди Гакпо, новата холандска ѕвезда кој го постигна првиот гол во 84-та минута.

Во првиот дел Холандија ја имаше играта, создаваше шанси, но не успеа да постигне гол. Сенегал спорадично се закануваше главно преку контранапади.

Во вториот дел Ван Гал фрли се на една карта, во игра го стави и Депај, но Холандија поведе дури во последните минути со првиот удар во рамките на голот.

Во судиското продолжение после еден контранапад Класен ги постави конечните 2:0.

Во последниот дуел за денешниот ден САД и Велс ремизираа со по еден гол во двете мрежи. За Американците стрелец беше Веа, а за Велшаните Герет Бејл од пенал.