Home Актуелно Судскиот процес за отворање стечајна постапка за Повардарие времено одложен

Судскиот процес за отворање стечајна постапка за Повардарие времено одложен

Предлогот на Царинската управа, денеска, Основниот суд во Велес да отвори стечајна постапка во неготинската винарија Повардарие е запрен.

Законските застапници на винаријата поднесоа барање до Врховниот суд да го изземе велешкиот и да назначи друг суд што ќе одлучи за стечајот во винаријата. Адвокатката на Повардарие, Мирјана Марковска смета дека иако станува збор за времено запирање на постапка таа е од интерес на лозарите, винаријата, странскиот инвеститор и очекува дека ќе овозможи да се најдат адекватни решенија.

Сметката е блокирана од Царинската управа но долговите се сервисираат. Сите лозари кои денеска дојдоа пред зградата на судот за да протестираат ги имаат добиено сретствата од винарската визба Повардарие согласно договорите кои ги имаше со Владата. Царината ги има сите обезбедувања што претходно ги превзел, па затоа не е потребно некој да биде убиен за да му биде земено тоа што и онака е обезбедено со хипотека, рече адвокат Марковска.

Судската постапка беше причина изутринава пред зградата на судот во Велес да пристигнат голем број на лозари од Тиквешијата како и вработени на визбата Повардарие. Првите револтирано велеа дека ќе им пропаднат парите за предаденото грозје од годинешната реколта а вторите реагираа дека ќе останат без работа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…