Home Актуелно Цената непроменета: Отворен повик за порачка на огревно дрво преку Македонски шуми

Цената непроменета: Отворен повик за порачка на огревно дрво преку Македонски шуми

Објавен е повикот за купување огревно и техничко дрво за следната година преку Јавното претпријатие Македонски шуми.

Цената на дрвата во складовите на претпријатието останува иста, 2.370 денари за метар кубен буково огревно дрво, а 2.450 денари за дабово.

Физичките лица кои сакаат самостојно да набават дрва треба да аплицираат електронски најдоцна до 31 март следната година. Обрасците со барања се достапни на страницата www.mkdsumi.com.mk.

Попуст од десет проценти доколку дрвата ги купат во готово и следната година ќе имаат ранливите категории (социјални случаи, лица со попреченост во развој, деца без родители, самохрани родители и стечајни работници), како и семејствата на бранителите и на работници кои останале инвалиди на труд или загинале на работа. Тие имаат опција и за купување на осум рати. За тие категории превозот на дрвата е бесплатен. Tреба да го докажат статусот со потврда од надлежна институција.

Рокот за аплицирање за купување дрва преку здруженија на пензионери, инвалиди на трудот и синдикати на правни лица е до 31 јануари следната година, а склучувањето на договорите почнува од 1 февруари.

ЈП Македонски шуми со повикот нуди можност и за продажба на техничко дрво по пат на рамковни договори до пет години, за што правните лица може да аплицираат до 15 јануари следниот месец, како и годишни договори, за што пријавувањето е до крај на јануари следната година. По пат на јавно наддавање ќе се продава и оштетената дрвна маса по разни основи.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…