Home Вебкафе Во метро на луѓето им дава совети за 2 долари – бизнисот му оди одлично (видео)

Во метро на луѓето им дава совети за 2 долари – бизнисот му оди одлично (видео)

Како и многу други деца на негова возраст, 11-годишниот Сиро си има проблеми со репресија и малтретирање од своите другарчиња на школо. Најмногу го мачеше тоа што не можеше да се вклопи во средината.

„Некои деца се добри со тебе само ако и ти се вклучуваш во она кое го сакаат тие. Не сакам самиот да се форсирам да бидам она што не сум“, вели малиот Сиро. Еден ден, додека гледал телевизија, се сетил на сите оние луѓе кои секојдневно брзаат во подземната железница. Сфатил дека постојат многу луѓе како него, на кои добро би им дошол понекој совет или охрабрување, па одлучил да превземе нешто во врска со тоа прашање.

„Мислам дека сум доволно мудар за да можам да дадам добар совет“, вели малиот, а неговите родители се согласуваат со неговиот личен став. Така, Сиро постави свое мало импровизирано биро и два стола на подземната станица Бедфорд, во Бруклин, каде за пет минути советување од негова страна кое им го нуди на луѓето, наплаќа 2 долари.

Тој е таму секоја недела по два часа и ги сослушува луѓето со сите нивни проблеми, љубовни, деловни и животни – од секаков вид. „Не знаев што да очекувам. Дали сите ќе зјапаат во мене или ќе ми се смејат. Но, очигледно видоа дека сето тоа го сфаќам сериозно, па така го сфатија и тие“, додава Сиро.

Луѓето се појавуваа кај него со вистински проблеми, слушајќи што малиот има да ги советува за тоа. „Неодамна, една жена ми кажа дека од Сиро како совет го чула она кое цело време длабоко го чувствувала во себе“, изјави неговиот татко Адам за New York Post.

Сиро заклучува дека сите главно размислуваат за љубовта – или се незадоволни од состојбата на нивната љубовна врска или се грижат дека никогаш нема да ја најдат вистинската личност за љубовна врска. Неговиот совет за таквите луѓе е: „На овој свет сме дојдени за некој да не сака, за тоа сме родени. Така размислувајте и така гледајте ги работите“.

„На сите им е потребна помош понекогаш. Не можеш низ животот да поминеш без помош“, заклучува малиот советник.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Ирина Шајк дебитираше на карневалот во Рио и сите ги остави без здив со својот спектакуларен костим!

Ирина Шајк, една од најпознатите и најбараните манекенки во светот, уште еднаш докажа зошт…