Судот во Њујорк ја отфрли жалбата, Антиќ нема да добие ниту долар


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Судот во Њујорк ја отфрли жалбата на македонскиот кошаркар Перо Антиќ, која ја поднесе за претерана употреба на сила при неговото, и апсењето на неговиот екс-соиграч Табо Сефолоша.

Сефолоша доби милионска сума како отштета, поради фактот дека при приведувањето се здоби и со скршеница на ногата, а тужбата на Антиќ целосно беше отфрлена.

Судијата потенцираше дека фактот што Перо Антиќ не бил повреден при приведувањето е јасен знак за запазената процедура.

„Разочарани сме од ваквата судиска одлука и сериозно размислуваме за жалба. Сметаме дека во случајов има прашања што треба да ги разреши порота, а не еден судија“, изјави Дерек Селс, еден од адвокатите на Антиќ.