Home Актуелно Судот пресуди: Условна казна за насилниците од Собранието!

Судот пресуди: Условна казна за насилниците од Собранието!

Сите деветмина обвинети за насилствата во Собранието од 27 април добија условни казни за учество во толпа која ќе спречи службено лице во вршење службена должност.

Најголема казна Судот му изрече на Димче Христовски наречен Жабата кој доби 5 години условна казна, во кои не смее да го повтори делото инаку му се активира затворска казна од 1 година и 6 месеци.

Останатите осуммина добија условни казни од 1 година во која не смеат да го повторат делото, инаку им се активира затворска казна од 6 месеци.

На прашањето дали се свесни што сториле, адвокатот на обвинетите рече дека се свесни и дека се каат.

Сите деветмина претходно на рочиштето ја признаа вината за, како што ги товари Обвинителството учество во толпа која ќе спречи службено лице во извршување службена должност.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…