Марихуаната лечи зависност од тешки дроги!?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Центарот за лекување на зависности во Лос Анџелес објави дека со медицинската марихуана им помага на пациентите да се одвикнат од хероин и кокаин.

Шефовите на центрите за рехабилитација тврдат дека марихуаната ја намалува штетата што настанува со употребата на тешки дроги.

Основачот на клиниката „Хај Собрајати“, Џо Шранк, изјави дека некои велат оти тоа е лицемерно, бидејќи на рехабилитација треба да се „симнете“ од дрогата, но марихуаната навистина помага на луѓето со болки и други здравствени проблеми.

Тој тврди дека „детоксикацијата со канабис“ им помага на тешките зависници бидејќи не постои опасност од предозирање и смрт. Центарот засега има излечено околу 50 луѓе со помош на марихуана.

Шранк вели дека марихуаната ги намалува симптомите на „апситенциска криза“ и дека долгорочно ја намалува зависноста.

Некои стручњаци, сепак, предупредуваат дека не е добро зависноста да се лекува од една со други дроги.

Универзитетот Оксфорд покрена истражување за употреба на медицинската марихуана вредно 10 милиони фунти, а еден професор ја опиша медицинската марихуана како „подрачје на огромен неистражен потенцијал“.