Home Актуелно Судот пресече: Видеото објавено на YouTube ќе се користи како доказ против премиерот Заев во „Поткуп“

Судот пресече: Видеото објавено на YouTube ќе се користи како доказ против премиерот Заев во „Поткуп“

На денешното рочиште за случајот „Поткуп“ од судот на Зоран Заев и неговите адвокати им беше врачено решение со кое се одбива предлогот јавно објавените видео снимки да не се користат како доказни материјали против премиерот.

„Ние побаравме да не се користат како докази мерки кои што се јавно објавени на Јутјуб мрежата, а тоа се мерки од незаконско следење и верувам дека навистина не треба да се користат во постапката“, рече Зоран Заев, по одложувањето на рочиштето за случајот „Поткуп“.

Поранешниот јавен обвинител, Марко Зврлевски пред неговото разрешување изјави дека ПИМ мерките на произлегле од обвинителството туку од МВР, но според Законот надлежен за чување и располагање со снимките како доказен материјал е само Јавното обвинителство и никој друг. Согласно ова, премиерот Заев рече дека нема да има никаква внатрешна истрага во МВР бидејќи тврдењата на Зврлевски дека снимките произлегле од ова ресорно министерство се неточни.

Заев исто така пред јавноста изјави дека го нема целиот видео материјал, но доколку го има веднаш би го објавил бидејќи, како што кажа, само доколку се ислуша целата снимка ќе се дознае дека видеото кое е поставено на Јутјуб е монтирано.

„Само ако се ислуша целата снимка ќе се дознае дека видеото е монтирано и е направено грдо да изгледа во целата јавност. Доколку го имам целото видео ќе го објавам за во најмала рака ако не го реши судскиот процес, барем да го обели мојот образ“, рече премиерот Заев.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…