Славни

Судот даде дозвола: Мадона посвојува уште две дечиња од Малави

Судот во Малави и дозволи на Мадона да посвои две девојчиња, близначки Естер и Стела Мвале кои во следните 24 часа ќе ја напуштат земјата со нејзиниот приватен авион.

Пејачката веќе има посвоено две деца од оваа африканска земја, што предизвика реакции во Малави зошто со закон е забрането странци, односни сите што немаат државјанство да посвојуваат деца.

Мадона првично демантираше дека ќе посвојува уште деца, и кажа дека причината поради која е во Малави е хуманитарната работа и изградбата на детската клиника. Двете девојчиња кои ги посвои Мадона веќе две години биле сместени во сиропиталиште.

To Top