Home Актуелно Судир на Србите со косовската полиција – едно лице се бори за живот

Судир на Србите со косовската полиција – едно лице се бори за живот

Во клиничко-болничкиот центар во Косовска Митровица денесак беа примени 53 лица повредени при денешната акција на растурање на протестот на Србите во Звечан.

Едно лице е оперирано, се наоѓа на одделението за интензивна нега и лекарите се борат за неговиот живот, изјави за Танјуг Златан Елек, директор на КБЦ во Косовска Митровица.

Како што наведе, оперираниот се здобил со две рани во пределот на карлицата и левиот показалец, а повредите се предизвикани од употреба на боева муниција.

Меѓу повредените е и заменик директорот на КБЦ, д-р Драгиша Миловиќ, кој беше претепан во Звечан и има повреди на градниот кош, рацете и нозете и стомакот, рече Елек.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…