Резултати од истрагата: Коста Кецмановиќ не бил запоставен од родителите – бил нарцисоиден и мислел дека е подобар од другите


Спасе Манев (Патувања низ Македонија): Ги откриваме скриените убавини на Македонија ↓↓↓


13-годишниот Коста Кецмановиќ кој го изврши масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, мислел дека е подобар од сите, се однесувал нарцисоидно и како да има 20, а не 13 години, смета д-р Љубиша Блажиќ, специјалистот по судска медицина, пишува Информер.

– Се однесувал и размислувал како дваесетгодишник. Барал внимание од околината, родителите, пријателите, а кога видел дека не реагираат на него онака како што тој би сакал, во тој момент почнал да кова план и да ‘става маска’ – вели специјалистот.

Според Блажиќ мајката е важна за истрагата, но вината за масакрот не е кај неа.

– Точно е дека мајката можела да реагира доколку забележала дека нешто не е во ред, што би го видела доколку максимално се фокусирала на момчето. Меѓутоа, промените кај децата на таа возраст се чести и логично е тоа да се припише на пубертетот. Никој не го познава вашето дете подобро од вас, а да бил фокусот на него, можно е многу работи да испаднеа поинаку – вели специјалистот.

Според Блажиќ Коста К. бил убеден дека е различен од сите, но во смисла дека е подобар од нив. Тој вели дека сè било во главата на Коста. А откако испланирал сè, тој почнал да се однесува нормално кон родителите и кон пријателите.

– Тоа го направил, најверојатно, затоа што не сакал да се истражи неговото однесување и да му се уништи планот. Она што е видливо во неговото однесување е дека тој бил особено нарцисоиден. Тоа порано се гледало во неговиот однос кон другарите во училиштето. Бил убеден дека е различен од сите, но во смисла дека е подобар. Коста самиот себеси си бил својот најголем проблем. Запоставувањето од страна на родителите во овој случај не може да се сфати како буквално, бидејќи пред сè било во главата на момчето – рече вештакот.