Струшките концесионери самиги рушат платформите на езерските плажи


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Концесионерите на струшките плажи на Охридското езеро денеска започнаа сами да ги отстрануваат платформите поставени во езерските води откако во петокот добиле решенија за нивно итно отстранување, пренесува Алсат М.

Претходно денеска првиот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби најави посета на Струга, во увид на платформите на Охридското Езеро, во општината каде што градоначалникот Рамиз Мерко е од редовите на ДУИ, кој неодамна изјави дека Струга нема никаков проблем со заштита на природното и културното наследство и нема градби во заштитената зона.

Премиерот Зоран Заев минатата недела, кога даде поддршка за акцијата за рушење на дивоградбите на крајбрежјето во Охрид, го прозива и струшкиот градоначалник, посочувајќи дека се надева оти наскоро ќе ја поздрави одлучноста и на Општина Струга.

Зелената агенда, која неодамна ја најави како новина лидерот на ДУИ, Али Ахмети, од старт наиде на резерва кај дел од јавноста, поради тоа што кадри на оваа партија со години наназад се на чело на Министерството за животна средина, додека дел од општините под контрола на интегративците постојано се соочуваат со големи еколошки проблеми.