Home Вебкафе Струмичани ужаснати: Струмички лекар влечел и убил куче со својот автомобил (видео)

Струмичани ужаснати: Струмички лекар влечел и убил куче со својот автомобил (видео)

Глетката од видеото кое се споделува на социјалните мрежи ги шокираше жителите на Струмица. Познат струмички доктор, за кои локални жители не информираат дека бил непресметан и во минатото, врзал за својот автомобил мало кутре и го влечел додека возилото било во движење. Сведочат дека кучето било влечено до изнемоштување и умрело задавено, велат од Анима Мунди.

Станува збор за доктор Зелеников од Струмица, со возило регистарска ознака SR 925AI

„Настанот е пријавен во полиција од страна на локални граѓани, напоредно ние ќе поднесеме кривична пријава како и пријава согласно законот за заштита и благосостојба на животните и инсистираме најстрога кривична казна – казна затвор за овој монструм, како и парична казна согласно законот за заштита и бл. на животните.

Ваквите настани стануваат секојдневие во нашата држава од причина што институционално се толерираат!
Бараме најитно да се разгледа потребата од полиција за животни или наменска служба за превенција/евиденција/санкција на насилството врз животните затоа што тоа е растечки феномен и сериозна девијација во Република Македонија!“, се вели во соопштението на Анима Мунди.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ген Зет повеќе се плаши да побара зголемување на плата отколку да раскине врска!

Кога е полесно да кажеш „веќе не те сакам“ отколку „сакам повисока плата“! Во свет кој се …