Home Актуелно Струјата од 1. јануари поскапува за 9,48%, ама се укинува и дневната евтина тарифа

Струјата од 1. јануари поскапува за 9,48%, ама се укинува и дневната евтина тарифа

На денешната пресконференција од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) ја соопштија новата цена на електрична енергија, што ќе биде во важност од 1 јануари следната година.

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски посочи дека цената на струјата се накачува за 9,48%, додека пак се укинува дневната евтина тарифа која важеше од 14 до 16 часот.

Тој додаде дека ноќната евтина тарифа и таа во недела остануваат на сила.

Бислимовски вели дека доколку не се тргнела дневната евтина тарифа од 14-16 часот, цената на струјата ќе се зголемела за 14,23%.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…