Home Вебкафе СТРАШЕН ПАД: Жена падна со колата од седми кат при обидот да паркира во катна гаража! (ВИДЕО)

СТРАШЕН ПАД: Жена падна со колата од седми кат при обидот да паркира во катна гаража! (ВИДЕО)

Жителка од американскиот град Остин ќе го завршеше својот живот на прилично бизарен начин, откако при обидот да паркира во катна гаража, најверојатно ги згрешила педалите за гас и кочница. Видео од настанот:

На социјалните мрежи се појави видео, на кое се гледа како нејзиното возило паѓа од голема височина и за малку ќе смачкаше друг автомобил, кој се движел долу на асфалтот. Вилијам Бирч, кој возел Шевролет Тахое раскажува дека веднаш штом слушнал бучава над главата, сфатил дека треба да се премести од местото на кое се наоѓал, пишува „Дејли Меил“.

„Прозорецот ми беше отворен и слушнав некаква бучава, се оддалечив и во тој момент колата слета врз задниот дел на мојот автомобил“, изјави Бирч за магазинот.

Еден од полицајците кои пристигнале на местото на настанот, истакна дека ако возачот не го направил спасувачкиот маневар, возилото на жената ќе слетало врз неговата глава.

Жената која паднала од седмиот кат преживеала и сега се наоѓа во болница. Таа најверојатно ги згрешила педалите за сопирачката и гас.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ким Кардашијан, Глен Клоус и Наоми Вотс прават спектакл на суд – Рајан Марфи ја носи серијата што ќе ви го освои срцето

Рајан Марфи се враќа со полна пареа со нови правни драмолетки, а првите сцени од тизерот в…